Гаснење на пожар со – СО2

СО2 системите за гаснење на пожари се користат за заштита на објекти во кои што се чуваат запалливи течности, гасови како и електро опрема. СО2 системите го гаснат пожарот преку намалување на концентрацијата на кислородот во просторо.

“СО” системите можат да бидат :

  • Под висок притисок, каде што гасот се чува во боци под висок притисок
  • Под низок притисок, каде што гасот се чува во резервоари под низок притисок кој се одржува со разладен уред.

                “СО” системите можат да се применуваат за :

  • Волуменско гаснење на простории
  • Локално гаснење на одредени делови од поголеми простории

“СО” системите, својата типична примена ја наоѓаат во заштита на фарбари, дизел агрегати, трансформатори, електро опрема, печатници, силоси, транспорт на јаглен и др.

Активирањето на “СО2” системот може да се врши :

  • Автоматски, преку централа, со двојна зависност на активирање на зони на јавување, време на задоцнување и можност за блокирање на гаснењето;
  • Полуавтоматски, преку притискање на прекинувач за активирање на гаснењето;
  • Рачно, преку рачниот активатор, директно од боцата со гасот.


Печати