FM-200

Системите за гаснење на пожар со FM200 се користат за заштита на објекти во кои што е сместена специфична и скапа опрема, каде што не смее да има прекин во работењето, како и оштетување на истата во случај на активирање на средството.

При тоа е потребно ефикасно гаснење, брзо дејствување, да не биде опасно по здравјето на луѓето кои што се наоѓаат во неговата околина, како и да не биде штетно по животната средина.

FM200 системите зафаќаат мал простор на складирање на истите и може да се сместат во самиот штитен простор.

Типична примена:

За заштита на Сервер простории, телекомуникациска опрема, контролни и командни простории, банки, архиви, музеи, цркви и сл.

Средството за гаснење FM200, се складира во соодветни боци, каде што се наоѓа во течна состојба, компримирана со азот на притисок од 25 бари. Од боците преку соодветен вентил со електромагнетно или пневматско активирање, преку цевководот и млазниците се исфрла во штитениот простор. Времето на празнење на целокупниот систем изнесува помалку од 10 секунди. Проектирањето на системот се врши согласно со стандардите за чисти средства за гаснење на пожари. Притоа проектната концентрација на гаснење е помала на опасната концентрација за луѓето. За оваа цел користиме соодветен софтвер за димензионирање, а во примена се стандардите ISO17020 или NFPA 2001.

Конфигурацијата на системите се врши со централа за контрола на гаснењето, детектори за пожар, прекинувачи за активирање како и светлосни и звучни сигнализатори.

Активирањето на системот може да се врши :

  • Автоматски, преку централа, со двојна зависност на активирање на зони на јавување, време на задоцнување и можност за блокирање на гаснењето;
  • Полуавтоматски, преку притискање на прекинувач за активирање на гаснењето;
  • Рачно, преку рачниот активатор, директно од боцата со соодветниот гас.

Боците за FM200 се изработени согласно стандардот EC Directive 84/527/EEC. Големината на боците за складирањена гасот е со димензии: 8, 16, 32, 52, 106, 147 и 180 литри.

Типот на млазниците за исфрлање на гасот FM200 е следниот :

  • Странични 180°С, со седум отвори. Максимален радиус на опфат на една млазница изнесува 9 метри.
  • Радијални 180°С, со седум отвори, Максимален радиус на опфат на една млазница изнесува 9 метри.

Дијаметарот на отворите на млазницата се димензионира соодветно за секој систем.

За сместување на поголеми количини на гас можат да се прават комбинации во сместување во повеќе боци и колекторска цевка. Притоа едната боца е пилот со електрично активирање, а останатите боци се активираат пневматски.

Од секоја боца се користат супервизорски контакти за контрола на притисокот во боцата, како и пресостат за активирање на гасот кој се сместува на излез од боцата на цевководот.

Секој систем има табли и налепници со ознаки за предупредување и користење на системот.


Печати