Inergen

Системите за автоматско гаснење на пожар со Inergen претставуваат мешавина од природни инертни гасови – Азот 52%, Аргон 40% и Јаглерод Двооксид 8%.

Инергените се средства за гаснење на пожари кои што го прекинуваат процесот на горење на тој начин што го исполнуваат штитениот простор, го истиснуваат воздухот и на тој начин го менуваат квантитетот на гасот во просторот. Инергените ја намалуваат количината на кислородот под 15% до ниво на кое повеќето забаливи материи не можат да горат, истовремено го зголемуват присуството на јаглерод двооксид помеѓу 2% и 4,5% со тоа стимулирајќи го човековото дишење. Оптимални резултати на гаснење се постигнуват кога концентрацијата на кислородот во просторијата што се штити е помеѓу 12% и 14%, а концентрацијата на Јаглерод двооксид е помеѓу 3% и 5%.

Инергените наоѓаат типична примена за заштита на : компјутерски простории, командни простории, електронска опрема, трафостаници, архиви, музеи и сл.

Инергените се чисти средства за гаснење кои не оставаат остатоци, не се корозивни и електрички не се спроводливи.

Инергените се складираат во боци под притисок од 300 бари. Притисокот после вентилот на боцата паѓа на 200 бари, а после регулаторот на излез од колекторската цевка е помал од 60 бари. Системите со инергени можат да се користат за мултизонско гаснење на различни простории. Сместувањето на боците може да биде оддалечено од просторијата и до 100 метри, а препорачливо е боците да бидат во посебна просторија.


Печати