Кујнски системи за гаснење на пожар

Кујнските системи за заштита од пожари се проектираат за заштита на различни апликации на модерните кујни (во ресторани, пицерии, хотели, аеродроми, деловни објекти), почнувајќи од скари фритези, рерни, плотни, хауби и сл.

Како средство за гаснење се користи воден систем со ниска PH вредност, кое успешно гасне пожари на маснотии, ги лади вжештените површини, лесно и брзо се отстрануваат нечистотиите и веднаш по гаснењето може непречено да се продолжи со работата.

Средството за гаснење се чува во посебни боци со вентил. Секоја од боците е под притисок и се активира преку активатор на вентилот.

Системот може да се активира рачно и механички преку систем на температурни детектори. По активирањето средството се исфрла преку цевен систем и специјално направените млазници директно во просторот што се жаштитува.

Во исто време со активирањето на системот се предвидува и команда за затворање на електромагнетниот вентил за довод на гас и се дава звучен алармен сигнал.


Печати