Микро системи - Firetrace

Микро системите за гаснење на пожари (Firetrace) претставуваат самоактивирачки системи за гаснење на пожари наменети за заштита на мали простории. Се користат за заштита на електро ормари, телекомуникациски кабинети, дизел агрегати, опрема и машини, погонски делови на возила, рударски машини и сл.

Самиот процес се состои од боца во која што има средство за гаснење, вентил, црево за детекција. Цревото за детекција е под постојан притисок и пневматски ја активира боцата. Цревото се води соодветно во просторот во кој што има ризик од пожар, при што истото се активира во најрана фаза на пожар.

Во зависност од типот на активирање на системот, можат да бидат :

  • Директни, каде што празнењето на системот се врши директно преку цревото за детекција на местото каде што го зафатил пожарот;
  • Индиректни, каде што празнењето на системот се врши преку цевковод и насочени млазници. Во овој случај цревото служи само за детекција и го иницира вентилот на боцата.

Овие системи имат таква предност да се целосно независни од напојување на електрична енергија, од вибрации и прашина, што ги прави посебно погодни за индустриски примени.

Според видот на средството за гаснење може да се користи: FM200, CO2, прашок, пена и сл.

Според големината на боцата можат да бидат со полнење од 1, 2, 3 и 6 литри.

По сопствен избор, на секоја боца може да се вгради супервизорски контакт за притисок, кој што може да се интегрира со систем за автоматска дојава на пожар или да се искористи за активирање на светлосно звучен сигнал или одредени исклучувања на инсталацијата.


Печати