NOVEC 1230

 Фирмата "Биспаг дооел" Ви нуди гасни противпожарни системи од новата генерација - Novec™ 1230 како решение за највисоките барања за противпожарна заштита. Системот Novec™ 1230 користи еколошки агент Novec™ 1230, преку кој во рок од 10 секунди се задушуват пожари и се заштитуваат високо технолошките капацитети, без да предизвикуваат било каква штета на луѓето или животната средина.

 Novec ™ 1230 системот, ги исполнува сите строги критериуми неопходни за гасни агенти, кои се  користат за гаснење на населени зони. Системот одговара на ISO14520 и NFPA 2001 стандардите.

 Системот Novec™ 1230 нуди долгорочна, одржлива технологија која има најголема маргина на безбедност. За разлика од Халонот, Novec 1230 течноста не содржи хлор и бром и затоа е со нула сила на празнење на озонот (ODP).  Како многу флуор-базирани гасови, Novec 1230 течноста има потенцијал за глобално затоплување 1.0.

 Novec 1230 не е инертен гас или флуориран гас, ова е следната генерација на решенија за гаснење кои што во целост одговараат на Вашите потреби. Novec 1230 е течност и се чува во шишиња како течност под притисок. Сепак, кога течноста се исфрла се претвора во пареа преку прскалките и таа се исфрла како гас. Процесот на согорување е во рамките на 10 секунди при релативно високи концентрации на кислородот во воздухот, при што не постои ризик за луѓето, не се нарушува нивната нормална активност и дишењето ( Novec 1230 останува како гас и не се конвертира назад во течна фаза по ослободувањето во просторијата или атмосферата ).

Најдобра примена наоѓа во простории со електрична или електронска опрема, архиви, продавници, моторни сали и сл.


Печати