Системи за гаснење на пожар со пена

Пената се користи за гаснење  на запаливи течности и запаливи материјали. Гаснењето се прави со спречување на испарување на запаливите течности, ладење и спречување на процесот на горење.

Пената за гаснење на пожари се формира со мешање на вода со концентрат на пенило и воздух. Многу противпожарни пенила содржат хемикалии како флуорини, кои што исто така го спречуваат горењето.

Концентрат пенилото е расположливо во следните опции:

  • AFFF, целосно синтетички концентрат во концентрации од 1%, 3% или 6%. Гасне пожари на запаливи течности формирајќи површински воден филм над горивото.
  • AFFF ARC, целосно ситетички алкохолен концентрат кој содржи полимер кој формира заштитен слој над горивото.Расположлив во концентрации од 1%, 3% или 6%.
  • FFFP ARC, концентрат на протеинска основа. Погоден за заштита на резервоари за запаливи течности.Повеќенаменски концентрат за пена на база на ситетички детергенти. Се користи за волуменска заштита на простории. Има висока способност на гаснење и конторла на испарувања на запаливи течности.
  • Silv – Ex, е оргинална класа А пена. Се користи особено ефикасно за гаснење на шумски пожари, пожари на јаглен.


Печати