Спринклер Системи за автоматско гаснење на пожар

 Спринклер системите се едни од најраспространетите системи за гаснење на пожари. Овозможуваат ефикасна противпожарна заштита и зголемување на можностите при проектирањето на комерцијални, индустриски, стамбени и институциони објекти. Биспаг Пастор дооел, Ви нуди голем избор на спринклери, спринклер вентили, спојки и фитинзи за спојување на цевките, флексибилни црева, држачи за цевки и сл.

Спринклер млазниците можат да бидат :

  • Стандардни, за специјална и брза реакција ;
  • К-фактор: 40,57,80,115 ;
  • Се изработуваат од месинг, прохром и бели ;
  • Со навој од 3/8” BSP, ½” NPT ;
  • Нагорни, надолни, странични, конвенционални и скриени ;
  • Спринклери за магацини ;
  • Спринклери за стамбени објекти ;
  • Специјални спринклери ;
  • Отворени млазници.

Алармните спринклер вентили се расположливи во следните типови :

  • Мокар вентил AV-1, DN 65, 100, 150, 200 ;
  • Сув вентил DPV-1, DN 80, 100, 150 ;
  • Deluge/preaction вентил DV-1, DN 0, 50, 80, 100, 150, 200

 Алармните вентили се расположливи во сите комбинации: фланша/спојка. Во комбинација на алармните вентили се и дополнителните компоненти како што се : алармно ѕвоно, компресор и компоненти за компримиран воздух, забрзувач за сув вентил и сл.

 Расположливи се во различни големини и типови на вентили за затворање, неповратни вентили, фаќачи на нечистотии, приклучоци за противпожарно возило и сл.

 Проектирањето на спринклер системите се врши преку посебен софтверски пакет  SPINCAD. Софтверот овозможува користење на дигитални основи во Autocad, при што се врши брзо и ефикасно графичко проектирање, хидраулични пресметки, спецификација на материјали и сл.


Печати